Голманот на Манчестер Сити, Едерсон нема да биде со репрезентацијата на Бразил за ноемвриските натпревари од квалификациите за СП 2026.
Според информации од клубот, голманот на Сити заработил повреда на левата нога на натпреварот со Челзи (4:4) во Премиер лигата. Засега нема информации за сериозноста на повредата и колку Едерсон би требало да отсуствува од терените.
Едерсон оваа сезона одигра 11 натпревари во англиското првенство, а беше повикан и во репрезентацијата за престојните важни квалификациски дуели со Колумбија на 17 ноември и со Аргентина на 21 ноември.

