Ентони е исклучен од репрезентацијата на Бразил за септемвриските натпревари поради просесот кој против него се води во Англија, поради наводите за семејно насилство.
Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед беше повикан за натпреварите против Боливија и Перу, но на веб-страницата на Бразилската фудбалска конфедерација се појави информацијата дека наместо него во тимот е повикан Габриел Жесус од Арсенал.
„Во светло на фактите за Ентони, кои станаа познати во понеделникот и кои допрва треба да се истражат, а со цел да се заштити наводната жртва, играчот, репрезентацијата на Бразил и Бразилската фудбалска конфедерација, ве известуваме дека спортистот е исклучен од тимот“, се вели во веста од Федерацијата.
Полицијата во Манчестер исго стави под истрага случајот за семејно насилство во кој е вклучен Ентони, откако неговата поранешна девоја го пријавила дека и се заканил дека ќе ја фрли од автомобил во движење.