Репрезентацијата на Бразил го повтори рекордот на Јужна Америка по бројот на последователни победи во квалификациите за Светското првенство, објави „OptaJoao“.
Синоќа, репрезентацијата на Бразил се покажа подобра од Перу (2:0) во квалификацискиот натпревар на Светското првенство – 2022 година и ја оствари деветтата победа по ред. Вреди да се одбележи дека претходното достигнување исто така и припаѓаше на бразилската репрезентација. Тогаш Бразил имаше серија на девет победи од септември 2016 до август 2017 година.
Бразил, по осум натпревари со 24 бода, е на првото место на квалификациската група. Перу, по девет средби, има осум бода и се наоѓа на седмата позиција. Бразилците следниот натпревар го играат на гости кај Венецуела и ќе имаат шанса да ја остварат и десеттата победа по ред во квалификациите за СП, а натпреварот се игра на 7 октомври.