Бразил и Аргентина продолжија со победи на почетокот на светските квалификации во зоната „Јужна Америка“. „Кариоките“ славеа со 1:0 на гостувањето во Перу, а голот за победа во самата завршница (90’) го постигна дефанзивецот Маркињос.
Аргентина синоќа славеше кај Боливија. Аргентина ја победи Боливија со 3-0 на гостински терен иако во тимот го немаше Лионел Меси, кој го пропушти натпреварот поради болест. Головите за „гаучосите“ ги постигнаа Енцо Фернандез (31), Николас Таљафико (42) и Николас Гонзалес (83).
Победа обезбеди и Венецуела која со 1:0 беше подобра од Парагвај, додека Чиле и Колумбија одиграа 0:0.