По одигрувањето на последните два натпревари од групната фаза на СП во Катар познати се и последните два учесника во осминафиналето од ова СП.
Бразил и покрај поразот од Камерун со 1:0 сепак како прв во групата оди во осмина финале и ќе игра против Јужна Кореја, додека Швајцарија која во директната пресметка беше подобра од Србија со 3:2 ќе оди на мегдан на Португалија.
Утре се играат првите два натпревари од осминафионалето, во 16 часот ќе играат Холандија и САД, додека во вечерниот термин се игра мечот меѓу Аргентина и Австралија.