Првиот фаворит за титулата на СП во Русија, селекцијата на Бразил отвори со реми против Швајцарија. На премиерата на „кариоките“ на ова СП, Бразил одигра само 1:1 со Швајцарците, кои се покажаа како одлично организирани и знаеја да ги искористат своите моменти на мечот.
Бразил поведе со извонредниот гол на Кутињо во 20. минута, но тоа излезе дека е недоволно да ги повлече кон голот на противникот. Швајцарија замина на пауза со негатива, но на самотоотворање на вториот дел со голот на Цубер успеа да израмни на 1:1 и потоа со паметна игра да го задржи ремито до самиот крај.