За првпат од почетокот на квалификациите, Бразил не успеа да забележи победа, откако синоќа одиграа без голови (0:0) на гостувањето против Колумбија во јужноамериканските квалификации за СП. И покрај ремито, Бразил е убедливо прв на табелата со 28 бода, пред првиот конкурент, Аргентина.
„Гаучосите“ раноутринава ја прегазија селекцијата на Уругвај со 3:0 и дојдоа до шестата победа која ги остана на второто место на табелата. Венецуела беше подобра од Еквадор со 2:1 со пресврт, додека Боливија победи со 1:0 во Перу. Во последниот дуел утринава, Чиле славеше со 2:0 над Парагвај.