Бразил прогласи тридневна жалост поради смртта на Пеле.
Соодветниот декрет, кој стапува на сила на 29 декември, го издаде претседателот Жаир Болсонаро.
Трикратниот светски шампион Пеле почина вчера на 82-годишна возраст.
Пеле е единствениот играч во историјата кој го освоил Светското првенство трипати како играч (во 1958, 1962 и 1970 година).