Бразил ја повлече својата кандидатура за домаќин на Светскиот шампионат за жени во 2023 година.
Причината е што поради кризата околу пандемијата на коронавирусот, Фудбалската конфедерација на јужноамериканската земја не е во состојба да ги обезбеди финансиските гаранции што ги бара ФИФА за учество во постапката за избор на организатор на СП. Така, Колумбија, Јапонија и заедничката понуда на Австралија и Нов Зеланд остануваат кандидати за завршниот турнир со 32 екипи.
Бразилската фудбалска конфедерација објави дека на гласањето ќе ги поддржува своите соседи од Колумбија, а одлуката за изборот се очекува да биде донесена на 25 јуни. Земја од Јужна Америка досега никогаш не била домаќин на Светски куп за жени.