Фудбалската федерација на Бразил побара од ФИФА да ги казни англиските клубови бидејќи не ги пуштаат репрезентативците од Јужна Америка да играат во септемвриските квалификации за пласман на СП во 2022 година.
Имено, Бразил и Аргентина се наоѓаат на црвената листа на Британската влада поради Ковид-19 а токму тие две земји имаат и повеќе интернационалци кои ги бранат боите на: Челзи, Ливерпул, Лидс, Евертон, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Познато е дека Британија донесе одлука сите што ќе дојдат од Јужна Америка ќе мора да заминат во карантин од најмалку 10 дена што значи дека во случајов, екипите од Островот би останале без играчите за стартот на ЛШ и другите европски конкуренции.