Бразилската фудбалска конфедерација испрати барање до ФИФА да даде објаснување дали системот за видео повторувања влегол во употреба во две одделни ситуации за време на нерешените 1:1 против Швајцарија.
Во првиот случај Миранда беше оттурнат од напаѓачот на Швајцарија при изедначувачкиот гол на Швајцарија, а во вториот Бразилците бараа пенал по прекршокот над Габриел Жезус.
„Во двете ситуации има грешки кај судиите, ова треба да се корегира со системот за видео повторување”, велат Бразилците.
Конфедерацијата објави дека сака да знае дали овие две ситуации биле разгледани и дали „транспарентноста е важна”. Бразилците, исто така, сакаа да го добијат „видеото или аудиото” што го користеа судиите за време на натпреварот. Останува да видиме како на ова барање ќе одговори ФИФА.