Бразил ќе има шанса на домашен терен да ја брани титулата на популарното натпреварување – „Копа Америка“ откако КОНМЕБОЛ донесе одлука во последен момент да ја елиминира Аргентина поради големите проблемите наметнати од пандемијата со Ковид-19.
Претходно, улогата на кодомаќин ја загуби и Колумбија поради жестоки протести низ градовите. Челниците на конфедерацијата најавија дека турнирот ќе започне на 13 јуни а стадионите дополнително ќе бидат одредени.
„Кариоките“ се последните победници на Копа Америка во 2019 година бидејќи во изминатата година натпреварувањето беше одложено поради пандемијата со корона-вирусот.

