Фудбалерите на Флуминенсе обезбедија место во големото финале на Светското клупско првенство под капата на ФИФА.
Бразилскиот состав денеска го совлада Ал Ахли од Египет со 2-0 со головите на Ариас во 71 минута од пенал и на Кенеди во самиот финиш на мечот. Во второто полуфинале утре ќе играат европскиот шампион Манчестер Сити и екипата на Урава од Јапонија.
Завршницата на светското клупско првенство се реализира на стадион – „Кинг Абдула“ во Џеда во Саудиска Арабија.