Фудбалерот на Ливерпул, Фирмињо, се надева дека ќе го постигне десетиот гол во Лигата на шампионите во големото финале со Реал Мадрид закажано на 26 мај на стадионот во Киев.
„Јас секогаш сакам повеќе и никогаш не сум задоволен”, рече 26-годишниот фудбалер на „црвените“, кој има блескава сезона. Тој во интервјуто за сајтот на УЕФА вели дека омилен играч и воедно и идол му бил Роналдињо. Фирмињо даде и негово мислење за досегашните мечеви во ЛШ.
„Сите натпревари а посебно со Манчестер Сити и со Рома ги одигравме одлично. Ја играм првата сезона во Лигата на шампионите и сум еден од водечките стрелци, заедно со Кристијано Роналдо и Мохамед Салах. Мислам дека ја играм мојата најдобра година како професионален фудбалер“ – нагласи меѓу другото Фирмињо