Челниците на фудбалскиот состав Арсенал планираат во текот на летото да се разделат со ветеранот, Давид Луис.
Договорот на Бразилецот истекува и клубот нема намера да му понуди нова соработка наваедуваат дел од медиумите во Англија. Луис од почетокот на сезоната одигра само 16 натпревари како стартер и главно ја грееше клупата.
Искусниот играч нема да се појави на теренот до крајот на сезоната бидејќи претрпе потешка повреда и мораше да биде опериран.

