Алисон Бекер, првиот голман на фудбалскиот состав Ливерпул, ќе мора да паузира до крајот на наредниот месец, тврдат англиските медиуми повикувајќи се на извори од клубот.
Бразилскиот интернационалец поради повреда на тетивата ќе се рехабилитира околу шест недели. Тоа значи дека 32-годишниот чувар на мрежата на „црвените“ ќе може да игра дури кон крајот на ноември.
Ќе потсетиме дека Бекер тешко се повреди на 5 октомври на гостувањето кај Кристал Палас во меч од Премиер лигата.

