Бразил денеска ќе има меч со Шпанија под слоганот – „Една кожа“ како дел од кампањата против расизмот.
Фудбалерот на Бразил и на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, пред натпреварот зборуваше за расизмот со кој се соочува во Шпанија. Тој вели дека ја губи „желбата“ да игра фудбал. 23-годишниот плачеше додека одговараше на неколку прашања за расизмот.
„Тоа е нешто многу тажно низ што поминував. Тешко е. Против тоа се борам долго време. Направив толку многу официјални жалби но, никој никогаш не е казнет“ – вели Винисиус.

