18-годишниот Жоао Фонсека би сакал да игра со Новак Ѓоковиќ на тенискиот турнир – Ролан Гарос.
„Би бил среќен да се сретнам со Ѓоковиќ во првото или второто коло. Ќе се обидам да го играм мојот најдобар тенис. Играм без притисок, па мислам дека можам да играм добро“ – рече Фонсека.
„Една од моите цели е да стигнам до третото коло на Грен слем. Можеби тоа ќе биде на Ролан Гарос. Мојата цел е да станам број 1.“ – рече Фонсека.

