Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по вчерашната победа кај Реал Сосиедад во рамките на Купот на Шпанија, ги откри неговите желби.
Тој категорично ги негира најавите дека може да замине во Саудиска Арабија иако се споменуваше и трансфер во висина од 300-та милиони евра.
„Да се биде толку млад и да се игра толку многу натпревари е нешто што никогаш не го замислував или сонував. Се надевам дека ќе испишам историја во овој клуб“ – изјави играчот на Реал Мадрид.

