Десниот бек на фудбалскиот состав Бетис, Емерсон, вели дека се чувствува подготвен да го облече дресот на гигантот Барселона.
„Да, јас сум подготвен. Тоа ме прашаа и пред да одам на тренинг со селекцијата на Бразил. Истото го одговорив и тогаш. Сега воопшто не размислувам за евентуална покана од Барселона. Сега сум насочен кон сегашноста и мојот тим Бетис“- вели бекот во интервју за весникот – „AS“.
„Сакам да играм во Лигата на шампионите со Барса и да освојам што е можно повеќе трофеи. Се надевам дека тоа ќе се случи“ – потенцирал младиот дефанзвец.

