Уште еден фудбалер од шампионската генерација на Вардар денес се збогуваше со клубот и навивачите.
Владица Брдаровски со порака на својот фб се збогуваше со навивачите и клубот во кој помина незаборавни 5 години.
„Поминаа прекрасни 5 години, со големи успеси – 4 титули, и најголемиот македонски историски успех влез во ЛЕ, незаборавни спортски спомени со сите мои соиграчи и цел тим на Вардар.
Заедно бевме сведоци на многу борби, неправди, силни чувства на радост и тага, смеа и плач, но секогаш напред и во тешки и убави моменти. Од се срце и душа се заблагодарувам на сите Комити кои беа моја најголема поддршка и фановите за огромната и големата почит што ми ја пруживте цело ова време.
Денес и јас, како и повеќето мои соиграчи, морам да се збогувам со Вардар. Срцето и душата ги оставив на терен за Вардар, за Македонија ! „ напиша Владица Брдаровски.


