Фудбалската селекција на Северна Ирска доцна синоќа забележа убедлива победа против Бугарија со 5:0 во рамките на групната фаза во Лигата на Нации.
Капитенот на домаќините, Конор Бредли, вели дека е воодушевен од добрата игра и преубедливата победа бидејќи не очекувал таков развој на настаните.
„Навистина сум задоволен. Знам колку напорно работевме во последниве две недели. Знаев дека ќе се случи такво нешто, верувам дека така ќе продолжиме“ – потенцираше репрезентативецот на Северна Ирска.

