Фудбалерите на Брегалница и Шкендија одиграа без победник, 2:2 на првиот меч од 15. Коло во домашното фудбалско првенство. Во одличен меч со четири погодоци, Шкендија не успеа да слави иако имаше пдвапати водство и играч повеќе до крајот на средбата.
Стрелци на головите беа Велковски и Ѓорѓиев за домашните и Елези и Аганспахиќ за гостите. Останатите дуели од ова коло ќе се одиграат утре.

