Англискиот премиерлигаш Брентфорд официјално го ангажираше шкотскиот репрезентативец Арон Хики. „Пчелите“ на италијанската Болоња ќе и платат 16,5 милиони евра, а тимот од Серија А може да добие уште 5,5 милиони евра во вид на бонуси.
20-годишниот лев бек вчера ги помина лекарските прегледи пред да потпише 4-годишен договор со Брентфорд. Интересно е што Болоња за Хики пред две години на Хартс му плати само 1,7 милиони евра.

