Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Брентфорд направил вистински потег со ангажманот на Ериксен
    Фудбал

    Брентфорд направил вистински потег со ангажманот на Ериксен

    risteBy riste04/02/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Привлекувањето на Кристијан Ериксен со слободен трансфер се покажа како одличен потег на Брентфорд. Клубот се пофали со рекордна продажба на дресови со името на Данецот само неколку дена по објавувањето на трансферот.

    Како што е познато, Брентфорд реши да му дадат шанса на Ериксен да се врати на теренот, откако беше на работ на смртта на мечот меѓу Данска и Финска на ЕП 2020, откако доби срцев удар. По овој инцидент се очекуваше играчот од средниот ред да престане да игра фудбал, но тој самиот одлучи дека е подготвен да се врати на теренот, а Брентфорд му ја исполни желбата нудејќи му договор до лето. Ова се покажа како брилијантен маркетиншки потег, клубот се пофали дека и по објавувањето на трансферот, во рок од 24 часа добиле нарачки за дресот со името на Ериксен од 21 различна земја.

    Тоа беше најуспешниот ден за продажба на дресови во историјата на клубот, со 30 пати повеќе нарачки од вообичаеното во овој период од годината. Пристигнуваа нарачки од земји како Гренланд, САД и Австралија, а повеќето од Данска и Велика Британија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер

    28/03/2023

    Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем

    28/03/2023

    Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција

    28/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер
    • Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем
    • Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција
    • Челзи и Тотенхем го сакаат Нагелсман на својата клупа
    • Букајо Сака пред нов договор со Арсенал, ќе добие 4 пати поголема плата !
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.