Досегашниот капитен на Брера Струмица, Марио Врдољак во продолжение од сезоната нема да го носи дресот на струмичкиот прволигаш. Како што соопштија од клубот, управата и фудбалерот се одлучиле на согласен раскин на договорот.
Врдољак дојде во Брера на почетокот на годината, а во оваа сезона одигра 16 натпревари, низ кои ја носеше и капитенската лента на тимот.