АП Брера Струмица и Пелистер влегоа како фаворити во бараж дуелите за пополнување на двете места во Првата лига, но на крајот двата досегашни прволигаш доживеаја шок и се селат во Втора лига.
Скопје се враќа во фудбалска елита во мак-фудбалот благодарение на победата која ја оствари во Битола над Брера со резултат 0:1, а човек на одлука беше Трајчевски кој се најде на вистинско место, откако претходно пенал не реализираше Ангелов.
Минималните 0:1 беа доволни за да се обезбеди прволигашки статус, а воедно значеше дека Брера после долги години ќе настапува во Втората лига.
Преселба во понизок ранг прави и Пелистер, кој ова попладне се спасуваше од пораз во 98-та минута, но на крајот загуби во пенал рулетот од Шкендија Арачиново.
За првпат во својата историја, тимот од Арачиново ќе биде дел од највисокиот фудбалски ранг во нашата земја, а до такво нешто дојде после голема драма и победа во пенал рулетот со 6:5.
Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1 откако Шкендија поведе, а Пелистер израмни во 98-та минута, па иако се чинеше дека психолошката предност ќе биде на страна на битолчани, во пенал рулетот во Кавадарци се радуваа играчите на Шкендија Арачиново.

