29-годишниот италијански напаѓач Марио Балотели постигна договор со претседателот на Бреша за раскинување на договорот, објави весникот „Република“.
Раководството на Бреша одлучи да го прекине работниот однос со напаѓачот, откако Марио Балотели во неколку наврати ги пропушти тренинзите на клубот. Сепак, 29-годишниот напаѓач тврдеше дека не пропуштил тренинг во Бреша. Балотели му се приклучи на тимот на Бреша минатото лето како слободен агент, потпишувајќи договор со клубот до 2022 година со плата од 1 милион евра, што може да порасне 4 пати како резултат на бонусите.
Оваа сезона, напаѓачот на 19 натпревари во италијанската Серија А, постигна 5 гола. Бреша, со освоени 16 поени од 26 кола, го зазема последното место во италијанскиот шампионат, 9 бода зад местото што им овозможува да го задржат прволигашкиот статус.