Фудбалерите на Брест направија историски успех откако се пласираа во квалификациите за Лигата на шампионите за наредната сезона.
Францускиот состав за прв пат ќе игра во едно натпревување под капата на УЕФА. Тимот ќе учествува најмалку во третото квалификациско коло на турнирот. Избраниците на Ерик Рој обезбедија пласман меѓу најдобрите четир во францускиот шампионат без разлика што ќе направат во последното коло.
Тие дури имаат шанса да се изборат и за третата позиција на табелата доколку победат во последната рунда а Лил одигра нерешено или загуби.