Откако Британската Влада ја стави Турција на црвената листа“ на земји за патувања поради ситуацијата со корона-вирусот, се погласни се притисоците кон УЕФА финалето во Лигата на фудбалските шампиони да се реализира во Англија.
Бидејќи во завршниот меч за титулата на 29 мај ќе играат два клуба од Островот, Манчестер Сити и Челзи, Британците се обидуваат да ја натераат УЕФА финалето од Истанбул да го пресели во Англија.
Тоа за медиумите доцна синоќа го потврдија и дел од британските политичари. Претходно имаше шпекулации дека финалето во Лигата на шампионите може да се одржи на стадионот – „Вембли“ во Лондон.

