Тенисерот, Енди Мареј, нема да го брани златниот медал од ЛОИ во Рио во 2016 откако во последен момент се откажа од настапот на тековните Игри во Токио.
„Медицинскиот тим ме советуваше дека не можам во исто време да играм во сингл и во двојки. Донесов тешка одлука и сега ќе се фокусирам на турнирот во двојки“ – изјави Британецот.
Претходно неколку тениски ѕвезди најавија дека нема да играат во Токио од различни причини.