Тенисерот од Шкотска, Енди Мареј, остави простор дека може да се појави и во поединечна конкуренцијата на турнирот во Синсинати откако претходно објави дека заедно со неговиот брат , Џејми, ќе играат во двојки.
„Ако тоа се случи, треба да биде на турнир на кој се игра до три добиени сета. Има опција да играм во Синсинати“ – изјавил Мареј кој по операција на колкот полека се враќа во ритам.
„Во поголемиот дел од времето тренирам индивидуално.Јас сум задоволен, досега играм само во двојки, верувам дека ситуацијата ќе биде подобра“ – потенцирал Мареј.