Техничкиот директор на Формула 1, Рос Браун, рече дека е разгледана можноста да се одржи посебна трка во главниот град на Велика Британија. Тој, сепак, навести дека трката нема да се случи во центарот на Лондон бидејќи тоа би било неприфатливо.
„Лондончани не треба да бидат загрижени дека центарот ќе биде затворен цела недела поради нас. Има опции во периферијата на градот кои може да се искористат“ – вели Браун. Луѓето од градската управа потврдија дека Гран-при трка може да се организира во иднина, но, дека мора да се дефинираат сите услови.
Во истовреме, Рос Браун посочи, дека Либерти Медиа не се обидува да ја замени традиционалната трка на патеката – „Силверстон“ која има договор со Ф1 до 2019 година, туку сака да додаде уште една во календарот.