Хрватскиот фудбалски интернационалец, Марчело Брозовиќ ќе ја продолжи соработката со Интер, потврди првиот човек на италијанскиот состав, Бепе Марота.
„Брозовиќ и Интер сакаат да продолжат заедно. Преговорите се во завршна фаза, набрзо ќе биде официјализиран новиот договор“ – вели функционерот на „нероаѕурите“.
Играчот од средниот ред го облече дресот на Интер во 2015 година. Тој досега има одиграно 222 натпревари и реализирано 20 голови.