Фудбалерот на Интер, Марсело Брозовиќ, кој превентивно го напушти теренот на мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите, нема повреда на потколеницата.
– Прегледите на Марсело Брозовиќ од стрна на медицинскиот штаб на клубот покажаа дека тој нема повреди“ – соопшти италијанскиот состав.
Тоа значи дека играчот од средниот ред во текот на викендот ќе може да настапи на претстојниот меч со Торино.