Играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ сепак се одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Тој ќе премине во редовите на Ал-Насер и ќе стане соиграч со Кристијано Роналдо. Хрватот ги договорил личните услови и во денес ќе ги мине задолжителните медицински прегледи пред да го потпише договорот со клубот, објави Фабрицио Романо.

Досега се веруваше дека Брозовиќ е на прагот на трансфер во Барселона и дека не бил заинтересиран за преселба на Блискиот Исток. Сепак, Каталонците никогаш не дадоа формална понуда за играчот од средниот ред, додека Ал-Насер се покажа како доста агресивен и на крајот ги прифати речиси сите услови што ги постави Хрватот, вклучително и плата од 25 милиони евра по сезона.
Со парите што ќе ги добие на рака при потпишувањето, вкупната сума што ќе ја заработи играчот ќе достигне околу 100 милиони евра. Саудијците се бореа за 3-годишен договор, иако играчот од средниот ред сакаше тоа да биде 2 години. Така ќе потпише до 2026 година