Поранешниот дефанзивец на португалската фудбалска репрезентација, Бруно Алвеш, од денеска е нов фудбалер на екипата на Аполон Смирна во грчката Супер лига.
39-годишниот фудбалер потпишал договор на една сезона.
Пред да се договори со грчкиот клуб, Алвеш беше дел од португалски Фамаликао.