Бруно Фернандеш сега е на 4-то место според бројот на асистенции за Манчестер Јунајтед во Англиското првенство.
Играчот од средниот ред имаше две асистенции на натпреварот против Кристал паласво 13-то коло од Премиер лигата.
Ова е 56-та асистенција на Португалецот, со што го престигна Пол Скоулс (55) на 4-то место.
Само Рајан Гигс (162) Вејн Руни (93) и Дејвид Бекам (80) имаат повеќе асистенции за Манчестер Јунајтед во лигата.

