Играчот од средниот ред Бруно Фернандеш е дел од тимот на Манчестер Јунајтед кој патува за Лондон на вечерашната пресметка со Тотенхем.
Сепак, се уште не е јасно дали португалскиот интернационалец ќе учествува на натпреварот од 33. коло на Премиер лигата. Според „Мирор“, тој е целосно подготвен за игра. Бруно заработи повреда во полуфиналето на ФА Купот минатата недела против Брајтон и беше заменет во продолженијата.
Пред два дена на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека Фернандеш носи чизма за имобилизирање на десниот зглоб, а на софата до него има патерици што ги загрижи навивачите на „црвените ѓаволи“.
За пресметката со Тотенхем, сепак ќе недостасува Скот МекТоминеј.