Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ги коментираше информациите за можниот трансфер во Барселона.
„Мислев дека новата година започна пред само неколку дена, а веќе е 1 април! Или повторно е само лоша работа на новинарите?“ изјави Бруно Фернандеш.
Претходно имаше информации според кои Барселона е заинтересирана за потписот на Фернандеш. Според пишувањата на медиумите, Барселона може да се определи на оваа опција во летото 2022 година, доколку не успее да го ангажира напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Фернандеш (27 години) му се приклучи на Манчестер Јунајтед во јануари 2020 година од Спортинг Лисабон.
Договорот на португалскиот фудбалер истекува во 2025 година, а неговата пазарна цена се проценува на 90 милиони евра.

