Бруно Гимараеш го продолжи договорот со Њукасл.
Англискиот клуб го објави новиот договор со бразилскиот играч за врска денеска, откако англиските медиуми и претходно објавија дека преговорите се во завршна фаза. Со новиот договоро Бразилецот ќе остане во Њукасл до 2028 година.
Гимараеш му се приклучи на Њукасл во јануари 2022 година. Досега во Премиер лигата одигра 56 натпревари и постигна 10 голови и 7 асистенции.