Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимареш ги коментираше гласините дека Реал Мадрид е заинтересиран за него.
„Реално, тоа беше едноставен разговор, ништо повеќе. Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот. Прекрасно е кога се заинтересирани за тебе. И покрај интересот на Реал Мадрид, во Њукасл се чувствувам како дома. Никогаш не се сомневав во проектот, верував во него од самиот почеток. Секогаш сакав да играм во Премиер лигата, го сакам тоа“, изјави Гимараеш.
Гимараеш (24) му се приклучи на Њукасл во јануари 2022 година од Олимпик Лион за 42 милиони евра. Тој постигна два гола и една асистенција на седум натпревари оваа сезона. Договорот меѓу Гимараеш и Њукасл е со важност до 2026 година.