Екипата на Њукасл е на чекор до третото ново засилување. „Страчките“ ќе потпишат договор со играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Бруно Гимараеш.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо на Твитер напиша дека клубот испратил свои преставници во Бразил, поточно во Бело Хоризонте, за играчот од средниот ред да ги помине медицинските тестови. Моментално Бруно е со репрезентацијата на Бразил за светските квалификации.
Висината на трансферот се очекува да биде околу 48 милиони евра.