Бруно Фернандеш беше еден од најслабо оценетите фудбалери на вчерашното дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Ј. Португалецот по мечот даде свое видување на катастрофата која ја претрпеа на „Енфилд“.
„Многу е фрустрирачки и разочарувачки, многу лош резултат. Дојдовме овде со различен начин на размислување. Одигравме многу добро во првото полувреме, имавме многу шанси. Ја контролиравме играта во поголемиот дел од првото полувреме, Ливерпул не создаваше многу. Во вториот дел се обидовме да тргнеме напред и да постигнеме гол, но малку изгубивме рамнотежа. Оставивме премногу простор за таков противник. Требаше да се избегне сето ова. Имавме неуспеси и во минатото и треба брзо да се вратиме. Ова е Манчестер Јунајтед: можеме да паднеме, но мора повторно да се кренеме“, рече играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед.