Тренерот на Њукасл, Стив Брус, дојде до 1000-от меч во Премиер лигата, но, не успеа да се израдува на поволен резултат откако неговиот тим загуби од Тотенхем со 3:2. Искусниот фудбалски стартег кој најверојтано ќе добие отказ од новите сопственици од Саудиска Арабија, вели дека е презадоволен реакциите на трибините и надвор од стадионот.
„Ќе останам тука колку треба и ќе размислувам само на Њукасл се додека не ми го кажат спротивното. За таа тема не се поставува прашање само кај мене“ – изјави Брус.
„Пресреќен сум за новото раководство и промената на подобро. Без оглед што ќе се случи во блиска иднина, мислам дека одиграв значајна улога со тоа што го задржав тимот во Премиер лигата“ – изјави Брус.