Англискиот фудбалски состав Њукасл кој е дел од Премиер-лигата, нема намера да купува нови играчи во јануарскиот трансфер период.
Според објавеното од страна на медиумите на Островот, менаџерот Стив Брус, дефинитивно нема да добие финансиски средства за засилувања иако во континуитет се соочува со повредени и заболени фудбалери од ковид-19.
Анализата вели дека токму од тие причини, екипата не ги покажува посакуваните резултати бидејќи првите ѕвезди на тимот, Алан Сент-Максимин и Рајан Фрејзер, подолг период се надвор од ростерот.

