Првиот голгетер на Ливерпул, Мохамед Салах, кој паузираше извесен период поради повреда, ќе биде на списокот на тренерот, Јирген Клоп, за денешниот натпревар во рамки од третото коло во Лигата на фудбалските шампиони против екипата на Генк.
Офанзивниот играч на „црвените“ кој се повреди додека настапуваше за селекцијата на Египет, полека им се врати на тренинзите и ќе биде во ростерот за средбата со белгискиот состав.
Актуелниот бранител на тронот во елитната конкуренција по две одиграни кола се наоѓа на третото место во Групата „Е“ со три бода. Англичаните загубија од Наполи а победија против Салцбург.

