Аргентинската ѕвезда, Ангел де Марија, се приближува до трансфер во Интер, најави агентот на фудбалерот, Хорхе Мендеш, кој неодамна успеа да го финализира договорот меѓу Јувентус и Реал Мадрид за ангажманот на Кристијано Роналдо.
Трансферот на Аргентинецот на стадионот – „Џузепе Меаца“, зависи од продажбата на португалскиот репрезентативец, Жоао Марио. Наводно, за неговите услуги е заинтересиран составот на Вулверхемптон.
Португалецот објави дека нема желба да се врати во Италија а „нероазурите” дека се подготвени да се разделат со него. Сега е се во рацете на Хорхе Мендеш, кој почна да ги финализира двата договора.