Турскиот новинар, Алпер Будка, раскажа како Турција се однесува кон руските фудбалери и воопшто кон нивната татковина.
„Анти-американските чувства се во пораст во Турција. Има се повеќе луѓе кои ја претпочитаат Русија но, ми се чини дека повеќето од нив се против воените операции. А турските навивачи првенствено се заинтересирани за квалитетите на фудбалерот а не за националноста. Затоа, тука нема негативност кон руските играчи“ – рече Будка.
Рускиот играч за врска, Магомед Оздоев, настапува во Турција во клубот Фатих Карагумрук.