Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон призна дека бил следен од скаути на Манчестер Јунајтед, но исто така дека во минатото одбил сериозна понуда на Манчестер Сити, а тоа се случило кога започнал мултимилионскиот проект на „граѓаните”.
Сега Џиџи ги брани боите на ПСЖ и ќе се соочи со Манчестер Јунајтед во реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампиони.
„Кога бев момче и играв за тимот на Парма, Алекс Фергусон ме следеше нон-стоп во тек на три години. Секогаш испраќаше скаути да ме гледаат. Во тоа време Парма беше мојот свет и не сакав да го напуштам клубот. Подоцна одбив сериозна понуда од Манчестер Сити, кога тие почнаа да градат тим кој стана еден од најголемите во Европа. Сити сакаше да бидам нивниот прв голем трансфер, но останав во Јувентус”, коментираше Буфон.